InviteClick · Онлајн покани
Дигитални покани за свадба, роденден и секоја прослава
Ние изработуваме персонализирани веб покани што се споделуваат со еден линк — со RSVP потврда на гостите, Google Maps локација, музика и елегантен дизајн. Ти го избираш дизајнот, ние ја креираме поканата за твојот настан.
Што е дигитална покана?
Дигиталната покана (веб покана или електронска покана) е персонализирана интернет-страница за твојот настан, со уникатен линк што го испраќаш преку Viber, WhatsApp, Messenger, SMS или e-mail. Гостите ја отвораат директно во прелистувач — без печатење, без инсталирање апликации и без чекање. На поканата се наоѓаат сите детали: имиња, датум, локација со Google Maps, како и RSVP форма преку која гостите го потврдуваат присуството.
Уникатен линк
Секоја покана е посебна страница со свој линк — лесна за споделување со сите гости за неколку секунди.
RSVP потврда
Гостите потврдуваат директно од поканата, а ти добиваш листа со потврдени гости и email известување за секоја нова потврда.
Google Maps локација
Локацијата на настанот е вградена во поканата — гостите стигнуваат без лутање и без прашања.
QR фото галерија во живо
Гостите скенираат QR код и ги прикачуваат своите фотографии од настанот — сите слики на едно место, веднаш.
QR распоред на седење
Секој гостин ја наоѓа својата маса за неколку секунди, со пребарување по име — без гужва пред таблата.
Музика и повеќе јазици
Поканата може да има позадинска музика и верзии на повеќе јазици — идеално кога гостите доаѓаат од различни земји.
Покани за секаква прилика
Изработуваме дигитални покани за сите важни моменти — секоја со дизајн прилагоден на настанот и на твојот стил.
- Дигитални покани за свадба Елегантни и модерни свадбени веб покани со RSVP, музика и локација.
- Дигитални покани за роденден Весели покани за детски родендени, 18-ти роденден и секоја годишнина.
- Покани за крштевка и мекици Нежни, пастелни дизајни за најмалите славеници и семејните празници.
- Интерактивни веб покани Анимации, музика, QR код и RSVP — сè што една модерна покана може да биде.
Примери на изработени покани
Секој дизајн го изработуваме ние — со твоите имиња, датум и локација. Кликни на пример за да видиш како изгледа вистинска дигитална покана.
Како функционира?
Избери дизајн
Разгледај ја колекцијата и избери покана што одговара на твојот настан — или побарај дизајн по желба.
Испрати ги деталите
Имиња, датум, локација и сè што сакаш да стои на поканата. Ние ја изработуваме за кратко време.
Сподели со еден линк
Ја добиваш готовата покана како уникатен линк, подготвен за испраќање до сите гости.
Често поставувани прашања
Како да нарачам дигитална покана?
Избери дизајн од колекцијата и пополни ја формата за контакт. Можеш да нè контактираш и преку Viber, Instagram или Facebook — ние ќе ти се јавиме за деталите.
Како ја добивам готовата покана?
Кога поканата е готова, добиваш уникатен линк до твојата персонализирана страница, подготвен за испраќање до гостите.
Како се споделува поканата?
Со еден линк — преку Viber, WhatsApp, Messenger, SMS или e-mail. Гостите ја отвораат директно во прелистувач, без инсталирање апликации.
Дали поканите имаат RSVP и листа на потврдени гости?
Да, RSVP е вклучено во сите пакети. Гостите го потврдуваат присуството директно од поканата, а ти добиваш листа со сите потврдени гости — кој доаѓа и со колку лица — плус email известување за секоја нова потврда.
Можам ли да добијам дизајн по моја желба?
Секако. Покрај готовите дизајни, изработуваме и целосно нов дизајн според твојата идеја — боите, стилот и темата што ја замислуваш.
Создадете ја вашата дигитална покана
Разгледај ги дизајните, избери го својот омилен и пиши ни — твојата покана може да биде готова многу побрзо отколку што мислиш.